Во Србија поскапеа горивата

Во Србија, од денеска горивата имаат нови повисоки цени. Почнувајќи од 15 часот на пумпите во Србија, литар евродизел ќе чини 214 динари (околу 112 денари), а бензинот 189 динари (околу 99 денари).

Новите цени на горивата ќе важат до следниот петок, 10 април. Во споредба со минатата недела, двата деривати се поскапи за еден динар.

Новите цени на горивата се објавуваат секој петок до 15 часот.

Инаку, најновите коментари на Доналд Трамп доведоа до скок на цените на нафтата. Фјучерсите за сурова нафта на Западен Тексас Интермедијар се зголемија за 11,41% на 111,54 долари за барел – највисоко ниво од 28 јуни 2022 година, соопшти Си-Ен-Би-Си. Фјучерсите за сурова нафта на Брент се зголемија за 7,78% на 109,03 долари за барел.