
Во Србија повик за бел штрајк во образованието
„Белиот штрајк не дава оценки. Тоа е највисокиот облик на граѓански отпор, чин на педагошка солидарност и повик да се врати смислата на образованието. Попаметниот не попушта – попаметниот се организира“, се заклучува во соопштението на Обединета просвета на Србија.
Обединетата просвета на Србија ги повика денеска вработените во образованието да се обединат и да учествуваат во бел штрајк – како израз на професионална, педагошка и граѓанска одговорност“.
Како што се наведува во соопштението, „бел штрајк“ значи: „заклучување највисоки оценки за сите ученици, како начин да се обезбедат еднакви услови во учебна година што не била еднаква, заштита на учениците кои станале колатерална штета на неодговорната образовна политика, отпор против уривањето на угледот на образованието, репресија на наставниците и злоупотреба на системот“.
„Оваа учебна година учениците низ Србија немаа еднакви услови за работа и напредување. Во многу училишта наставата беше прекината поради борбата за поправедно општество – без реакција од министерството, без поддршка, без јасен план, без никаква одговорност од надлежните.Министерството не ги разгледа барањата на наставниците, но таму каде што државата потфрли, наставниците преземаа одговорност. Белиот штрајк не е знак на неодговорност на наставниците – туку на одговорен отпор на професионалците кои одбиваат да учествуваат во неправдата“.
Се додава и дека „се одлучуваат на бел штрајк како чин на грижа, совест и стручност – не како отстапка или каприц“.
„Белиот штрајк не дава оценки. Тоа е највисокиот облик на граѓански отпор, чин на педагошка солидарност и повик да се врати смислата на образованието. Попаметниот не попушта – попаметниот се организира“, се заклучува во соопштението на Обединета просвета на Србија.
Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија (НСПРС) денеска организираше протест пред Министерството за образование поради изборот на Дејан Вук Станковиќ за ресорен министер .