Од Комесаријатот за бегалци и миграции на Србија соопштија дека низ земјата поминале над 13.000 бегалци од Украина, а околу 3.200 од се сместени кај нашиот северен сосед.
Владимир Цуциќ од Комесаријатот изјавил дека повеќето од овие лица се сместени кај роднини, пријатели или деловни партнери, а дел од нив се снаоѓале и сами.
„Во нашите центри утринава имаше 48 лица, а во текот на денот според највите ќе има 63 лица“ – изјавил Цуциќ.
Тој навел дека украинските бегалци најмногу се лоцирани во Обреновац и Врање, и дека „по потреба се отвораат пунктови во Белград и Суботица, во Ватинската област и во Црња“.
Бегалците се распоредени во околу 50 општини, а десетина деца-бегалци веќе започнале да одат и во основно училиште.
Украинските бегалци, според информациите, во Србија се сместуваат во двокреветни и трокреветни соби со бањи.