Во Србија Ден на жалост за загинатите во пожар во дом за нега на стари лица

Полицијата во врска со пожарот уапси три лица, меѓу кои и одговорното лице за објектот, поради сомнение дека сториле тешко кривично дело против општата безбедност, што предвидува затворска казна од две до 12 години.

Во Србија денеска е Ден на жалост поради смртта на осум лица во пожар во дом за стари лица во белградската општина Бараево. Одлуката за прогласување Ден на жалост ја донесе српската влада на вчерашната седница.

Осум луѓе загинаа, а седум се повредени во пожарот во Домот за возрасни и стари лица „Ивановиќ“ во Велики Борак, Бараево.