Во тешка сообраќајна несреќа синоќа околу 21 часот, во судир на две возила меѓу штипските села Таринци и Нов Караорман, загина 25-годишник од селото Карбинци.
Загинатото момче (К.Т.) управувало со автомобил „Ауди А5“ , кога се судрило со патничко возило „Хјундаи Аксент” со штипски регистарски таблици управувано од 43-годишниот Д.М. од Стар Караорман.
Еден повреден со иницијали Д.М, е пренесен со штипската болница, соопштија од СВР Штип.
На социјалните медиуми младите се простуваат од момчето кое прерано го загуби животот.