Во Собранието доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година

Во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија денеска беше доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година.

Во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија денеска беше доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година.

Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија.

Годинава за остварување во областа на културата и уметноста наградата им беше доделена на актерот Гоце Тодоровски,  на писателот за деца и возрасни Александар Кујунџиски, на поетот, романсиер, драмски писател и новинар Братислав Ташковски и на писателот, академик Божин Павловски.

На доделувањето на наградата присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.