Во Словенија падна првиот снег, јавува meteo.si.
Местото Кредарица, во северозападна Словенија е под снежна покривка.
„Снег се уште паѓа, а температурата е -4 степени. Северниот ветер дува со брзина од 37 километри на час“ – стои во објавата на meteo.si
Досега веќе има снежна покривка од околу 10 сантиметри.
Метеоролозите и во земјава јавуваат драстично опаѓање на температурите, па дури и снежни врнежи на планините.
❄️ Kredarico in Kanin je že pobelil sneg. pic.twitter.com/KCYS8fZIzy
— ARSO vreme (@meteoSI) September 17, 2022