Во Скопје марш против војната во Украина

Има закани за цела Европа од нуклеарен напад. Путин ќе оди по секоја цена за освојување на Украина. Тој е монструозен, за да влезе во историјата како голем освојувач“ рече претседателот на Здружението на Украинци во Северна Македонија – Александар Урбанович на денешниот протестен марш против „војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина“.

Урбанович вели дека на протестот е дојден за поддршка на Украина.

„Сакам земјата да се ослободи и да има мир“ вели тој.

Марјана Велковска од Здружението на Украинци во Македонија рече дека потребна е помош на сите граѓани кои се во Украина.

„Имам роднини таму, тие се подготвени да останат таму и да се борат за својата држава“ – изјави Велковска.

Македонци кои го поддржаа протестот посочија дека војната мора да запре, а последиците од неа се чувствуваат секаде па и во земјава.

Во Скопје беа прикажани фотографии од состојбата во Украина, на кои се гледаат загинати лица, срушени згради.