Во Скопје изложба на живи статуи под мотото „Која си ти? А која сакаш да бидеш?“
Преку свеж и креативен пристап, оваа изложба, како што најавува организаторот, ќе ја претстави жената во различни социјални улоги, поврзувајќи ја темата со животните предизвици што ги носат овие улоги. Пет девојки, како живи статуи, ќе ги отелотворат различните категории на жени – од најниската до највисоката, застанати во пози кои го одразуваат нивниот социјален статус и различност.
Изложба на живи статуи под мотото „Која си ти? А која сакаш да бидеш?“, проект воден од Весна Николовска, со поддршка од тимот на Театроск, ќе се одржи денеска во Скопје.
Преку свеж и креативен пристап, оваа изложба, како што најавува организаторот, ќе ја претстави жената во различни социјални улоги, поврзувајќи ја темата со животните предизвици што ги носат овие улоги. Пет девојки, како живи статуи, ќе ги отелотворат различните категории на жени – од најниската до највисоката, застанати во пози кои го одразуваат нивниот социјален статус и различност.
Публиката ќе има можност не само да ја набљудува оваа уметничка инсталација, туку и активно да учествува – поставувајќи прашања, коментирајќи и споделувајќи мислења по изложбата.
Настанот е овозможен преку грант од RYCO – Младински културен фонд за Западен Балкан.