Во светот веќе се потврдени над 900 случаи на мајмунски сипаници

Во 29 земји во светот досега се потврдени 909 случаи на инфекција со мајмунска сипаница, покажуваат податоците на ЦДЦ (Центрите за контрола и превенција на болести).

Најголем број заразени има во Велика Британија – 225 случаи, па Шпанија со 186 случаи и Португалија со 143 заразени.

САД на оваа непопуларна листа се рангирани на осмото место по бројот на заразени со 24 потврдени случаи.

Потврда за заразени со мајмунски сипаници има и во Канада, Германија, Франција, Холандија, Италија и Белгија.