
Во Сараево наврнаа 40 сантиметри снег, почина жена откако дрво падна врз неа
Како што соопштија од службите за итни случаи, големо дрво паднало врз жена во 40-тите години. Таа се здобила со животозагрозувачки повреди на главата и била итно префрлена во болница, но за жал не преживеала.
Во реонот на сараевската населба Грбавица, бор висок повеќе од 10 метри падна врз жена која почина од повредите во Клиниката за итна медицинска помош, јавија медиумите во БиХ.
Како што соопштија од службите за итни случаи, големо дрво паднало врз жена во 40-тите години. Таа се здобила со животозагрозувачки повреди на главата и била итно префрлена во болница, но за жал не преживеала.
Инаку, во Сараево наврнале 40 сантиметри снег. Пешаците се огорчени од неисчистените тротоари, многумина се движат и по патиштата, пишуваат тамошните медиуми.
Во текот на ноќта, снегот престана да паѓа во главниот град на Босна и Херцеговина. Сепак, од раните утрински часови, жителите на Сараево продолжуваат да имаат тешкотии при движењето по неисчистените тротоари и патишта и чекаат намален јавен превоз на погрешно поставените автобуски и трамвајски станици.
Главната градска улица е соодветно исчистена, но сите околни улици и премини сѐ уште се под слој снег, што го забавува движењето на возилата. Возачите се повикуваат на максимална претпазливост поради замрзнатите услови.
Во повеќето случаи, тротоарите се целосно неисчистени, па граѓаните сами ги пробиле патеките на пат кон работното место или други локации. Многумина се движат и по патиштата, што претставува дополнителна опасност.