Во САД над 904.000 луѓе починаа од Ковид 19

Во САД ковид пандемијата надмина нов праг – вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 е над 900.000.

Федералните извештаи бројат колку Американци ги загубиле животите поради Ковид-19 од првиот случај на инфекција во почетокот на 2020 година до вчера.

Вкупната бројка е 904.067.

САД бележат најголем број смртни случаи од коронавирус во светот, па следуваат Русија, Бразил и Индија, кои заедно имаат повеќе од 1,8 милиони смртни случаи.