„Во САД максимумот на Омикрон се очекува кон крајот на јануари“
Главниот медицински советник на претседателот на САД – Ентони Фаучи рече дека до крајот на јануари може да се очекува пик на распространетост на новиот сој Омикрон во САД.
„Тешко е да се каже во кој момент сегашниот пораст на инфекции, поттикнат од сојот Омикрон, ќе почне да се намалува. Во ЈАР тоа се случи многу бргу. Со оглед на големината на нашата држава и различните показатели за вакцинација, наспроти невакцинирањето, веројатно врвот ќе биде до крајот на јануари“ – рече Фаучи.
Тој тврди дека сојот Омикрон може да го забрза крајот на пандемијата, доколку се покаже точно дека таа варијанта, со својот висок степен на преносливост, ги заменува другите видови на вирусот што предизвикуваат потешки инфекции.
„Се надевам дека тоа е така, но нема гаранција дека тоа ќе се случи.Но, ако имате многу пренослив вирус што заменува друг вирус, а тој има помал степен на сериозност, тоа би било позитивен исход. Но, никогаш не можете да гарантирате. Овој вирус не измами и претходно. Мислевме дека со вакцините се ќе биде во ред, а потоа дојде сојот Делта, што уништи се“ смета Фаучи.