Во руско гранатирање во Харков убиени се 15, а повредени 16 луѓе

Олег Синегубов – гувернер на регионот Харков во североисточниот дел на Украина синоќа изјави дека 15 лица, меѓу кои и 8-годишно дете загинаа, а 16 се повредени во ужасните последици од руското гранатирање сред бел ден. Тој додава дека имало четири одделни бомбардирања.

Прецизираше дека во гранатирањето на Шугив, град на околу 30 километри југоисточно од Харков, загинале шест лица, а четворица биле ранети, во Харков се петмина убиени и 11 ранети, во предградие е убиено дете, чија мајка е повредена и во Золочив се убиени три лица.

„Ова е тероризам. Тоа се злосторства против човештвото кои мора да бидат казнети“ рече гувернерот.

Многу жители на регионот Харков, кој се граничи со Русија, побегнаа на почетокот на инвазијата, а потоа почнаа да се враќаат во своите домови откако беа спречени обидите на руските сили да заземат друг украински град.

Харков, кој се наоѓа на 50 километри од руската граница, претрпе силно бомбардирање на почетокот на инвазијата.