Во Русија денеска традиционално се слави Денот на победата на фашизмот – 9. мај.
Традиционално овој ден ќе биде одбележан со воена парада на „Црвениот плоштад“ во Москва.
Овогодинешната прослава доаѓа во екот на војната во Украина, а рускиот претседател Владимир Путин вчера рече дека „како и во 1945-та година, Русите ќе победат“.
„Денес нашите војници, како и нивните предци, рамо до рамо се борат да ја ослободат својата татковина од нацистичката нечистотија, убедени дека, како и во 1945 година, победата ќе биде наша. „Денес, наша заедничка должност е да го спречиме заживувањето на нацизмот, кој предизвика толку многу страдања на народите од различни земји“ – рече Путин.
Се очекува рускиот претседател да одржи говор на плоштадот во Москва пред воената парада, во која ќе бидат вклучени воени трупи, тенкови, проектили и интерконтинентални балистички ракети.