Посетителите на трговскиот центар „Лондон мол“ во Санкт Петербург се евакуирани поради закана од експлозија. Еден човек е приведен затоа што наводно оставил експлозив во комплексот. Според „Фонтанка“, тој е снимен од камери за видео надзор поставени во ресторан. Мажот потоа отишол во продавница и подоцна бил уапсен.
Толпа се собрала на улица Колонтај, Нерчинска и Далновосточна. На снимката од очевидци се гледа како амбулантни возила се движат по трамвајските шини. Полицијата го блокираше паркингот на трговскиот центар, како и дел од авенијата Далновосточна.
Очевидци пријавиле евакуација на трговскиот центар во улицата Колонтај.Во трговскиот центар пристигнале полициски автомобили, Националната гарда и Министерството за вонредни ситуации, пренесува „Фонтанка“.
Уапсениот не прецизирал каде точно го оставил експлозивот, а зградата сега ја испитуваат експерти за експлозиви.