Беспилотно летало се урна во округот Медин во Калушка, а нема жртви, соопшти гувернерот Владислав Шапша.
„Вечерва, во шумата во областа Медин, беше откриено местото на несреќата на, како што се претпоставува, беспилотно летало. Нема повредени или материјална штета“. Оперативните служби за итни случаи работат на лице место“, напиша синоќа Шапша на својот канал Телеграм.
Тој претходно објави дека и во Жуковската област во Калушка паднал дрон, а исто така нема жртви, јавува РИА Новости, пренесува Танјуг.
Во регионот Калушка, исто така, на 5 јуни паднаа два дрона. Калушка област граничи со Московската област на север.