Во Република Кипар легално живеат над 170.000 државјани на трети земји – најбројни се Русите

Во Република Кипар, заклучно со 30 септември во важност се вкупно 175.677 дозволи за престој, со што исто толку државјани на трети држави легално живеат во земјата, а од нив, убедливо најбројни се Русите со 40.735 дозволи, според податоците од заменик-министерот за миграција Николас Јоанидис, јави дописничката на МИА од Атина.

Презентирајќи го буџетот на Министерството во кипарскиот Парламент, Јоанидис се осврна и на легалната миграција и според податоците, по Русите, на државјаните на Велика Британија им се издадени 16.279 дозволи за престој, од Непал има 15.607 лица, од Индија легално живеат 14.237 граѓани и 12.868 од Сирија, додека пак дозволите за престој на државјани од Кина, Шри Ланка, Филипини, Украина и Египет се под 10.000 за секоја од овие земји.

Останатите 37.810 лица, кои поседуваат легален престој во Република Кипар се од други земји, а најголем број од издадените дозволи за престој се однесуваат на куќни помошници и на општи дозволи за работа.

Јоанидис посочи дека посебен акцент ставаат на зголемување на враќањата на нелегалните мигранти и управувањето со мигрантските бранови.

-До октомври 2025 година, вкупниот број на враќања/заминувања изнесува 10.628, па така се очекува до крајот на годината да биде надминат минатогодишниот рекорден број (10.944 враќања). Дополнително беше изготвена и спроведена специјална програма за враќање на Сиријци. Од декември 2024 до октомври 2025 година, вкупно 4.007 Сиријци си заминаа од Кипар, додека бројот на издадени решенија за враќање за Сиријци беше петкратно поголем од новите барања за азил поднесени од нив, посочи заменик-министерот за миграција.

Во однос на барањата за азил, според податоците, над 16.000 сè уште се во постапка.