
Во пукотница во белградска населба убиена жена, неколку други лица се повредени
➡ Жена е убиена и неколку други лица се ранети по пукање во бар во белградската населба Вишњичка Бања.
Жена е убиена и неколку други лица се ранети по пукање во бар во белградската населба Вишњичка Бања.
Белградски медиуми јавија дека пукањето се случило денеска околу 14.30 часот откако непознати напаѓачи упаднале во барот и отвориле оган.
Според медиумите, ранети се најмалку пет луѓе. Полицијата во моментот врши истрага.