Во престрелка во САД загина камионџија од БиХ

Возачот на камион со потекло од БиХ – Џемал Чардаковиќ (45) е застрелан во американскиот град Манчестер во државата Њу Хемпшир.

Полицијата го уапсила напаѓачот Тајрис Харис (22), кој се товари за ладнокрвно убиство.

Очевидци изјавија за локалните медиуми дека осомничениот бил во автомобил кој се движел пред камионот управуван од Чардаковиќ.