Косовскиот премиер Албин Курти денеска пред пратениците во Собранието на Косово изјави дека Европската унија и САД „планираат да март следната година да се постигне конечен договор меѓу Косово и Србија“,објави Нова.рс.
Тој рече и дека самите ЕУ и САД „сакаат нова динамика“ и дека „тоа е предлог на ЕУ. Курти изјави дека треба да се разгледаат 33 договори потпишани досега.
„Има предлог, како добра основа за дискусија, и секако таму се споменуваат минатите бриселски договори, но се споменува и предлогот од 18 август што го дадов како општа рамка за договорот. „Не сакам да демантирам дека се склучени 33 договори, но јас не ги потпишав, мораме да ги прегледаме“, рече Курти.
Собранието на Косово не го усвои предлогот за резолуција поднесена од опозициската Алијанса за иднината на Косово, со која се бара, покрај одложувањето на спроведувањето на владината одлука за регистарските таблички, која беше договорена во Брисел на 23 ноември, да се започне дијалог со косовските Срби и тие да бидат поканети да се вратат во институциите.
Србите ги напуштија институциите поради одлуката на Владата на Косово возилата со српски таблички да се пререгистрираат со косовски таблички – РКС.
Курти за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг изјави дека не би одел во Брисел за да преговара за прашањето за регистарските таблички, туку за сеопфатен договор, кој, како што кажа, мора да биде постигнат пред пролетта 2023.
Српскиот претседател Александар Вучиќ коментирајќи ја изјавата на косовскиот премиер, порача дека Курти може да во Брисел кога сака и како сака тоа е негов проблем и му посака среќен пат.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕ
ВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА – БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
ВНЕСИ ЈА ТВОЈАТА Е-МАИЛ АДРЕСА ТУКА
СЕ СОГЛАСУВАМ СО ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
#сад #србија #еу #косово #регистарски таблички #албин курти #препорачано
Сподели
ВИДЕО НА ДЕНОТ
НАЈНОВО
НАЈЧИТАНО
1
мин
Во обид да ги загреат домовите, Украинци гинат во пожари
13
мин
Рекорден број на луѓе кои бараат азил во Европа
21
мин
Хакери го нападнаа Ватикан
27
мин
Дачиќ: Курти живее во паралелна реалност, за дијалог се потребни двајца, а понекогаш и тројца
43
мин
Штрајкува брзата помош во Англија, а се најавува и првиот историски протест на медицинските сестри
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ
Sloboden pecat
ПРЕПОРАЧАНО ОД ОВАА КАТЕГОРИЈА
1
„Исламска држава“: Нашиот лидер е убиен додека се бореше против непријателите на Бог
2
По масовните демонстрации, кинеските власти ќе ги олабават корона-мерките во Гуангжу и Чонгкинг
3
Захарова: НАТО го поддржува режимот во Киев и ја демонизира Русија
4
Андоновска: Тоа што Арсовска нема да даде оставка, значи дека не сака да прекине хаосот во градот
5
Во Англија христијаните станаа малцинство