Во прва фаза е законот за една изборна единица

Демократскиот сојуз (ДС) како предлагач и поддржувач на измена на законот за една изборна единица денеска соопшти дека првата фаза од законот е поддржан.

Повеќе може да прочитате од нивното соопштение во продолжение.

„По скоро две и пол години, денес пратениците ги изгласаа измените на Изборниот законик со кој се предвидува Македонија да биде една изборна единица. Ова е првата фаза, следи јавна и амандманска расправа, по што пратениците повторно треба да се изјаснат, односно да гласаат. Во првата фаза беше поддржан и Предлог – законот за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, закон со кој ќе започне неселективна борба против организираниот криминал и справување со високата корупција. Се предвидува формирање на независна Агенција, надвор од какви било политички и други центри на влијание. И по овој закон следи амандманска расправа и повторно изјаснување на пратениците“, велат од ДС.