Во Прага уапсен маж на плоштад поради сомнеж дека носел бомба

Чешката полиција уапси маж на плоштадот во Прага под сомнение дека носел бомба.

На местото на полициската интервенција во петокот вечерта сообраќајот беше во прекин, а возовите на метрото само што поминаа низ станицата без застанување, јавува „Радио Прага Интернешнал“.

Вештаците за експлозиви кои дошле на лице место констатирале дека се работи за лажна тревога, но двајцата мажи сепак се приведени.

Во Прага се воведени зголемени безбедносни мерки, откако 24-годишен студент во четвртокот во пукотницата на Карловиот универзитет уби 14 и рани 25 лица, а потоа се самоуби.