Во последните 24 часа пријавени се 39 жртви на Ковид 19

МЗ информира дека во последните 24 часа направени се 4.986 тестови, а регистрирани се 1.493 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 720, Битола – 90, Куманово – 87, Кавадарци – 72, Тетово – 54, Струмица – 44, Прилеп – 43, Велес – 41, Охрид – 40, Штип – 32, Гостивар – 31…

Од вкупниот број на позитивни (1.493), регистрирани се 191 реинфекции и една втора реинфекција.

Регистрирани сe 2.652 оздравени пациенти од: Скопје – 1.530, Битола – 184, Куманово – 166, Струмица – 85, Кавадарци – 82, Прилеп – 68, Неготино – 48, Кичево – 43…

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 31 починато лице: 7 починати лица од Скопје (64г, 68г, 69г, 72г, 73г, 74г и 79г), 5 починати лица од Куманово (60г, 65г, 71г, 77г и 78г), по 3 починати лица од Охрид (74г, 75г и 84г) и Струмица (58г, 73г и 75г), по 2 починати лица од Тетово (65г и 83г), Прилеп (79г и 84г) и Битола (75г и 79г) и по едно починато лице од Струга (72г), Пробиштип (63г), Кавадарци (78г), Крива Паланка (76г), Кичево (74г), Гостивар (75г) и Виница (67г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 8 починати лица, Кичево (2), Штип (1), Скопје (1), Делчево (1), Куманово (1), Струга (1) и Гевгелија (1).

Бројот на починати е 8.533, а бројот на активни случаи изнесува 12.764.