Во последните 24 часа во Појасот Газа загинаа најмалку 107 луѓе

Во последните 24 часа, најмалку 107 лица загинаа во појасот Газа во тековните борби, соопштија денеска локалните здравствени власти.

Повредени се уште 165 лица, соопшти власта која е под контрола на палестинската милитантна организација Хамас.

Здравствените власти вчера соопштија дека 112 лица биле убиени во претходниот 24-часовен период, а 148 повредени.

Вкупно, 27.238 Палестинци се убиени во Газа, од кои 75 проценти се жени, деца, млади луѓе или постари лица, а дополнителни 66.452 лица се повредени, соопштија властите.