Во последните 24 години Турција со највисока инфлација

Минатиот месец во Турција годишната инфлација достигна 78,62 отсто, што е највисока од 1998 година, според официјалните податоци.

Статистичкиот институт на Турција објави дека цената на стоките за широка потрошувачка пораснала за 4,95 отсто.

Тамошните медиуми информираат дека прстот е вперен кон претседателот Реџеп Таип Ердоган, иако во голем дел од земјите поскапеа прехранбените производи како резултат на економската криза.

Руската инвазија врз Украина несомнено доведе до скок на цената на гасот, нафтата и житото, а ја влоши и ситуацијата во Турција, која зависи од увозот.