Во Португалија е регистриран најтоплиот јули со просечна температура од 25,14 степени Целзиусови, објави метеоролошката служба на државата.
Горештините ја влошија сушата во Португалија, со 45 отсто од земјиштето во „екстремна суша“, а остатокот во „тешка суша“.
Португалската метеоролошка служба објави дека овој јули е најтопол од почетокот на националното мерење на температурата во 1931 година. Просечната температура овој јули е за речиси три степени Целзиусови повисока од очекуваниот јулски просек.
Климата во јужна Европа се менува и почнува да наликува на климата во Северна Африка, тврдат експертите.