Во полиција се пријавени членови на Левица од Велес за ширење на говор на омраза

Пратеникот од редовите на СДСМ од Велес, Ненад Коциќ, во полиција пријавил членови на Левица кои го нарекувале предавник. А самата оваа информација ја сподели членот на Левица од тој град, Игор Смилев.

„Предавникот Ненад Коциќ пријавил во полиција неколумина членови од Локалниот огранок на Левица Велес за наводно ширење говор на омраза.
Ах бре Ненад, ако зборот предавник е говор на омраза, Ти СИ ПРЕДАВНИК , бидејќи тој збор се содржи во твоето име и презиме … ти си поднел пријава против самиот себе бе, ама тешко е да удриш по сопствениот самар, и против предавникот во себе, а уште потешко да се пријавиш себе си во полиција ………ОК, ќе не пријавиш 5 , 7, 15 луѓе, цел огранок на Левица Велес, 74 отсто Македонци…..но, против историјата не можеш да поднесеш пријава, оти таа со ЗАДЕБЕЛЕНИ БУКВИ тебе и твоите 67 колеги ќе ви даде место во вечноста како предавници, се разбира ако Бугарските администратори дозволат да се учи оваа историска лекција.
Патем, убаво е нели од позиција на пратеник со имунитет комотно и комформистички да пишуваш гнасни невистини за секој од нас, вклучително и за мене , ама знаеш што е разликаа меѓу мене и тебе…..ТИ ДОЗВОЛУВАМ ДА ПИШУВАШ СЕКАКВИ ПОДЛИ ЛАГИ ПРОТИВ МЕНЕ, и никогаш нема да те пријавам за говор на омраза ..НО, НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ да ги МАЛТРЕТИРАШ нашите чесни членови, чиј единствен грев е што кренале силно глава и што јавно напишале дека си ПРЕДАВНИК што ќе остане забележано како несоборлив историски факт !!!“, пишува Смилев на фејксбук.