Во пожар во станбена зграда во близина на Лион, Франција рано утринава настрадаа 10 луѓе, меѓу кои 5 деца, соопшти локалната власт.
Во 06:30 часот француската полиција издаде соопштение во кое се вели дека избувнал „голем пожар“ во седумкатница во Вок-ан-Велин.
Освен што го наведоа бројот на загинатите, рекоа дека четири лица се во критична состојба, а уште 10 пријавиле полесни повреди.
Тие рекоа дека 170 пожарникари биле испратени на местото и го изгаснале пожарот.
Причината за пожарот се уште е неразјаснета.
Двајца пожарникари се здобиле со полесни повреди при гаснењето на пожарот, кој започнал во приземјето на зградата и се проширил нагоре, велат надлежните
📝🇫🇷France Lyon: ten dead including five children in a violent fire in Vaulx-en-Velin. Ten people were killed in a fire started in a seven-storey building in this eastern suburb of Lyon. Four people are also in absolute emergency. A violent fire broke out at 3:12 a.m. this Friday pic.twitter.com/DGFCOH0PfY
— 🌐World News 24 🌍🌎🌏 (@DailyWorld24) December 16, 2022