Во пожар во Аеродром почина 76-годишен маж, МВР ја потврди информацијата

Седумдесет и шестгодишен маж почина утрово во пожар во скопската населба Аеродром, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи. Како што претходно соопшти Центаро за управување со кризи пожарот избувнал во стан на шести кат во зграда на улицата Пандил Шишков.

„Утрово (11.01.2024) околу 6.40 часот во СВР Скопје е добиена пријава за пожар во стан во зграда на ул. „Пандил Шишков“ во Скопје. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а во станот е пронајден починат Г.Б. (76). Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.