Парада на гордоста се одржува денеска во Подгорица со собирот на учесниците на Плоштадот на независноста, а насобраните носат знамиња и транспаренти во боја на виножитото со пораки „Правда за сите“, „Нема да одлучувате за мене“ и „Ова се нашите права“.
Дванаесеттиот Монтенегро Прајд под слоганот „Кои се нашите права? почна во 13.00 часот, а сега е во тек прошетката низ центарот на градот, јавува РТЦГ.
Поворката тргна од плоштадот „Независност“ по улицата „Слобода“, потоа булеварот „Свети Петар Цетињски“ и булеварот „Станко Драгојевиќ“, каде што ќе се сврти и ќе помине низ улицата „Бокешка“.
Организаторите на парадата претходно изјавија дека целта на настанот е да се сврти вниманието кон правата на ЛГБТ+ заедницата и нивната борба за еднаквост и самоопределување, со акцент на клучните барања за донесување на Законот за правно признавање на родовиот идентитет заснован на самоопределување.