Во петок бојкот: Граѓаните бесни на високите профити на маркетите

По примерот на Хрватска, македонските граѓани во петок ќе ги бојкотираат супермаркетите и нема да пазарат поради повисоките цени, а оваа акција неделава ќе се прошири и во БиХ, Црна Гора и Србија.

По примерот на Хрватска, македонските граѓани во петок ќе ги бојкотираат супермаркетите и нема да пазарат поради повисоките цени, а оваа акција неделава ќе се прошири и во БиХ, Црна Гора и Србија.

Граѓанската иницијатива ја поддржаа сите јавни личности, синдикатите и сите македонски политички партии што за волја на вистината е вистинска ре

Сепак не изостана дневното политичко поентирање од маката на граѓаните. За СДСМ, Владата и ВМРО-ДПМНЕ се директни виновници што трендот од регионот за бојкотирање на маркетите се пренесува и кај нас.

„СДСМ со месеци апелираше и нудеше конкретни решенија за проблемот со цените. Наместо ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати веќе проверените мерки со кои СДСМ се бореше со ценовните шокови, тие решија да го остават проблемот и да го менаџираат со лажни кошнички. Резултатот го гледаме денес, осиромашени граѓани кои треба да бираат кој од основните производи да го купат“, велат од СДСМ.

Со сличен став е и ДУИ која обвини дека ароганцијата и неодговорноста на оваа власт ги натера граѓаните да ја преземат ситуацијата во свои раце.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ се огласија дека го поддржуваат бојкотот.

„Нема никаква економска причина надвор од своеволноста на трговците, која тоа го оправдува освен голиот профит на грбот на граѓаните. Ваквите навики на трговците толерирани од претходните влади доведоа до тоа во државава да се зголемува сиромаштијата, а на сметка на тоа да се богатат 5-6 сопственици на маркети преку нереални зголемувања на цените и злоупотреба на позицијата во општеството“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Организацијата на потрошувачите на Македонија, иако не е организатор на овие активности, ги поддржува повиците за бојкот, особено што, како што вели нејзината претседателка Мирјана Лончар, граѓаните секојдневно се соочуваат со зголемување на цените на прехранбените производи.

– Организацијата на потрошувачи го поддржува граѓанскиот повик на социјалните медиуми за бојкот на маркетите. Не сме организатори на оваа акција, но ги поддржуваме граѓаните со цел да се поттикне бизнис секторот да ги намали цените на производите, особено на прехранбените производи бидејќи тие се навистина поскапени. Одите во продавница, особено во големите супермаркети и не знаете која цена ќе ве пречека, вели Лончар во изјава за МИА.

Таа потенцира дека за намалување на цените треба да се земат цените на производите од ноември минатата година. Втората мерка што ја предлагаат од Организацијата на потрошувачи е да се провери дали големите ланци на супермаркети имаат меѓусебен договор во однос на зголемувањето на цените.

Сол на раната на македонските потрошувачи ставија и најновите бројки од економските резултати кои ги остварија најголемите супермаркети.

Киппер маркети, КАМ и Стокомак имаат убедливо најголем раст на приходите во периодот 2018-2023 година. Во 2018 година Киппер маркети имаше вкупни приходи од 47,9 милиони евра, а во 2023 година ги зголеми на 175,2 милиони евра, што е повеќе од три пати. Профитот во 2018 година бил 1,6 милиони евра, а во 2023 година добивката се зголемила на 5,5 милиони евра нето.

Во истиот период, најголемиот трговски синџир на мало во земјава, КАМ маркети ги зголеми приходите од 130,6 милиони евра на 269 милиони евра.

Друштво им прави и Стокомак, кој во 2018 година имаше вкупни приходи од 51,8 милиони евра, а во 2023 година 138,5 милиони евра. Трите компании имаат континуиран раст на приходите во изминатите седум години. Веднаш зад нив се Кит-Го и Веропулос, со нешто поскромен раст на приходите, додека кај Тинекс и Рамстор се забележува стагнација во висината на приходите.

Петрески: Бојкотот на маркетите е еден вид притисок што се очекува да даде резултати

Извор: Фокус