Во Панчево истекол амонијак од цистерна

Од цистерна во населбата Топола Рит кај Панчево, синоќа истекол амонијак. Инцидентот се случил на товарната линија. На едно лице му е укажана лекарска помош и е префрлено во болницата во Панчево, каде е на терапија со кислород.

Според сознанијата на српските медиуми, истекувањето на амонијак се случило околу 23 часот. Полицијата и пожарникарите излегле на лице место. Тие се уште се на теренот.

Жителите од десетина куќи во близина се евакуирани. Според извештаите, веќе нема никаква опасност за граѓаните.
Железничката пруга каде дошло до истекување води кон Азатори.

На југоистокот на Србија воз со амонијак излета од шините на 25 декември 2022 година, поради што 51 лице беше хоспитализирано. Во возот имало 20 цистерни со амонијак, а најмалку една од нив паднала во коритото на реката Нишава при лизгањето, што предизвикало бурна реакција на амонијак во контакт со вода.