„Цар Борис Трети“ е името на новиот бугарски клуб кој денеска ќе се отвори во Охрид.
ВМРО-ДПМНЕ и Левица најавија протест против отворањето на вториот клуб во земјава кој носи име на уште еден соработник на фашизмот.
Претходно, во Битола беше отворен клубот т.н. Културен центар „Иван Ванчо Михајлов“.
Опозициските партии повикаа на масовен протест денес, а осуди стигнаа и од Еврејската заедница во Македонија од каде велат дека ова за нив преставува акт на повампирување на ликови од фашистичкиот период на Бугарија.