Во ослободениот Лиман е најдена масовна гробница каде има и тела на деца

Во украинскиот град Лиман е пронајдена масовна гробница со 180 тела, меѓу кои има и деца.

Високиот функционер на украинската полиција Јевхен Жуков ја потврди информацијата.  Тој тврди дека во масовна гробница наводно се пронајдени цели семејства, а меѓу нив имало и тела на деца. Жуков не понуди докази за да ги потврди овие наводи, а Москва сè уште не го коментираше ова обвинување. Претходно, масовни гробници беа најдени во Буча, близу Харков, Изјум и други места.  Медиумите пишуваа дека и во Мариупол убиени цивили се закопани во шума. Рускиот претседател Владимир Путин во Лиман прогласи анексија на четири украински региони, а утредента украинските војници го ослободија Лиман. Војната почна на 24 февруари.