
Во организација на Сојуз на спортови на Скопје денеска ќе се одржи 9. издание на „HalkEco Скопје Трча 10КМ“
На трката се пријавени 1700 натпреварувачи кои покрај генералниот пласман ќе бидат наградени и во три старосни категории. За првпат годинава, воведена е и категорија за учесници со телесен инвалидитет, со 12 пријавени учесници, од кои 9 машки и 3 женски.
Во организација на Сојуз на спортови на Скопје денеска ќе се одржи 9. издание на „HalkEco Скопје Трча 10КМ“.
Во соопштението се наведува дека на трката се пријавени 1700 натпреварувачи кои покрај генералниот пласман ќе бидат наградени и во три старосни категории. За првпат годинава, воведена е и категорија за учесници со телесен инвалидитет, со 12 пријавени учесници, од кои 9 машки и 3 женски.
Стартот на трката, со должина од 10 км, е закажан во 9 часот, пред фонтаната Лотос, каде традиционално ќе биде поставена и целта.
– Тркачката патека ќе се движи по дел од булеварите „Илинден“ и „Партизански Одреди“, односно натпреварувачите ќе се движат по следната рута: по булевар „Илинден“ до крстосницата со улица „Никола Парапунов“, па лево по „Никола Парапунов“ до булевар „Партизански Одреди“, десно кон мостот Влајко , од каде полукружно ќе се враќаат до крстосницата со улица „Љубљанска“ и повторно полукружно назад преку улица „Никола Парапунов“ и булевар „Илинден“ до целта кај Фонтана, стои во соопштението.
Поради одржување на трката, од 8 до 11 часот, по наведените булевари и улици ќе има времен режим на сообраќај.