Во обвинителство во Кочани донесени осомничени од проширената истрага за пожарот во „Пулс“

Со три полициски возила и придружба во Основното јавно обвинителство во Кочани вечерва околу 21.30 часот беа донесени првите неколкумина осомничени од проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“.

.Со три полициски возила и придружба во Основното јавно обвинителство во Кочани вечерва околу 21.30 часот беа донесени првите неколкумина осомничени од проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“.

Половина час претходно во Обвинителството пристигна и државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој не даде изјава за медиумите, но нагласи дека на прес конференција во текот на утрешниот ден ќе ги соопшти деталите.

Со проширената истрага опфатени се 19 лица кои се сомничат за тешки дела против општата сигурност според членот 292, а во врска со член 288 од Кривичниот законик.

Се работи за службени лица, кои во периодот од 2012 година до 16 март годинава во рамки на своите надлежности и одговорности не постапиле по пропишаните мерки за заштита со што предизвикале опасност за животот и телото на луѓето и на имот од големи размери. Од Обвинителството во Кочани соопштија дека меѓу осомничените се овластени градежни инспектори во општината, директори и генерален инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување, министри, државни секретари и други службени лица од Министерството за економија, како и инспектори од Државниот пазарен инспекторат.