Во Непал убиена и сопругата на поранешниот премиер

Сопругата на поранешниот премиер на Непал, Џале Нат Канале, почина откако беше жива запалена, кога нејзиниот дом беше запален за време на насилните антивладини протести во земјата.

Сопругата на поранешниот премиер на Непал, Џале Нат Канале, почина откако беше жива запалена, кога нејзиниот дом беше запален за време на насилните антивладини протести во земјата.

Демонстрантите убија и тројца полицајци, кои претходно се предале, а ја запалија и зградата на полициската управа.

Претходно, зградата на парламентот во Непал и домовите на политичките лидери беа запалени во немирите.

Стотина демонстранти против корупцијата денеска упаднаа во зградата на Парламентот во главниот град на Непал, Катманду и го запалија.

Протестите и нападот врз Парламентот почнаа вчера поради што непалската Влада на 4 септември ги блокира на социјалните медиуми, меѓу кои Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб со образложение дека бидејќи компаниите не ги почитувале прописите.

Законот, што не е усвоен од Парламентот на Непал, беше широко критикуван како алатка за цензурирање и казнување на противниците кои ги изразуваат своите ставови преку интернет.

Претходно, демонстрантите го запалија домот на премиерот на Непал, К. П. Шарма Оли, кој денеска поднесе оставка. Демонстрантите ги запалија и домовите на министерот за внатрешни работи Рамеш Лека, лидерот на Комунистичката партија на Непал, Пушпа Камал Дахал, и приватно училиште во сопственост на министерката за надворешни работи Арзу Деуба Рана.