Во недела ден на жалост во Црна Гора поради трагедијата во Нови Сад

Владата на Црна Гора ја прогласи недела, 3 ноември, Ден на жалост за трагедијата во Нови Сад, каде што 14 лица загинаа, а тројца беа повредени при пад на настрешницата на Железничката станица во тој град.

Извршната власт таа одлука ја донела на седница.

„Владата на Црна Гора го прогласува 3 ноември 2024 година за ден на жалост, по повод страдањето на граѓаните на Република Србија, кои трагично ги загубија животите. Денот на жалост се одбележува со задолжително веење на знамето на половина копје на сите згради на државните органи и органите на локалната самоуправа и јавните установи, согласно со Законот за државните симболи и Денот на националноста на Црна Гора нема да се одржуваат јавни, културни и забавни програми на ден жалост, а нема да се емитува музика во угостителските објекти прилагодени на одбележувањето на денот на жалост“, се вели во документот на веб-страницата на Владата.