Во маркетите овошје и зеленчук нема, а на пазар цената „не е замрзната“
Во маркетите – производите ги нема, иако се обврзани да продаваат 70% од количината која ја имале во март, на пазарите – цените двојно повисоки од оние кои ги препорача Владата, јавува тв Сител.
Килограм домати се продава за 250 денари, колку и пиперките, краставиците 180, гравот 350. Продавачите велат – скапо набавуваме, малку заработуваме, затоа цените се високи.
Граѓаните револтирани –платите ниски, пензиите уште пониски, а цените до плафон.
„Катастрофа е ова, не можеме да си купиме она што е неопходно за празнците. Срамота, цените на пазарите се изгор“, одговараат купувачите.
Традиционално, за Велигден се пече и јагнешко. Но, годинава, се помалку се купува, поради високата цена. Домашното во голем дел заврши на бугарските трпези. Извезени се 200 тони, потврди Бугарската Агенција за храна, велат од телевизијата.
Поради високите цени, велигденската трепеза ќе биде по скромна годинава.
Иако Владата одлучи цените да се замрзнаат до крајот на месецот, продавачите не ја почитуваат, а инспекциите се немоќни да контролираат.