Претседателот на Украина – Володимир Зеленски изјави дека 100.000 луѓе во Мариупол се без храна, вода и лекови.
Претходно градските власти соопштија дека градот вчера бил погоден од две „супермоќни бомби“, но не наведе дали има жртви.
„Окупаторите не ги интересира градот. Сакаат да го срамнат со земја“ – се наведува во соопштението на градската управа.
Зеленски посочи и дека разговорите со Русија се тешки и понекогаш конфронтирачки, но „одиме чекор по чекор напред“.