Во МАНУ работилница „Посебноста на македонскиот јазик и политичкиот говор на омраза“

Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ и Институтот за социолошки, политички и правни истражувања при УКИМ, денеска организираат работилница на тема „Посебноста на македонскиот јазик и политичкиот говор на омраза“.

На работилницата обраќања ќе имаат Катица Ќулавкова на тема „Оспорувањето на јазилниот идентитет како политички говор на омраза“, Ганка Цветанова за „Македонското прашање во контекст на политичкиот говор на омраза“, Елеонора Серафимовска и Маријана Марковиќ за „Трансгенерациската политичка траума на македонскиот народ како резултат на негирањето на посебноста на македонскиот јазик и политичката легитимност на македонската нација“, Соња Миленковска за „Прагматичните теории и дискурсите на моќ“, Милка Димитровска за „Говорот на омраза кон македонскиот јазик: помеѓу правото и политиката“, Марјан Марковиќ за „Македомските дијалекти во бугарската пропаганда“ и Давор Јанкулоски за „Македонскиот јазик во печатото на КПГ (1950–1970)“.

Работилницата ќе се одржи во амфитеатарот на МАНУ со почеток во 11 часот.