Во Македонскиот КИЦ во Софија претставување на литературните опуси на Јакимовска-Тошиќ и Аврамовска

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија денеска ќе се одржи настанот „Литературни портрети и претставување на книгите: „Културното наследство и вредностните канони“ од Маја Јакимовска-Тошиќ и „Книжевни Паметници“ од Наташа Аврамовска“.

На настанот ќе бидат претставени литературните опуси на двете авторки, ќе бидат споделени искуствата и знаењата од областа македонската литература и култура и нивниот принос во тие области.