МВР информира дека синоќа во 23 часот на ГП „Свети Наум“, на влез во Македонија се пријавил Л.Х.(29) од Р. Албанија кој дошол со патничко моторно возило „порше панамера“ со албански национални ознаки.
По извршени гранични проверки, констатирано е дека возилото е пријавено за украдено во Норвешка и постои во базата во Интерпол.
Возилото е одземено, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известуваат од МВР.