Еден човек е убиен утрово во северните предградија на Атина кога бил застрелан од мотоциклист, соопшти полицијата.
Од полицијата велат дека трагаат по напаѓачот, објави Катимерини.
Според првичните податоци, убиецот бил на мотор и дошол до автомобилот „БМВ“ и пукал во жртвата најмалку десетпати пред да успее да побегне.
Престрелката се случила во 8 часот и 30 минути по локално време во фреквентен дел од градот.
Застреланиот бил партнер на сопственикот на автомобилот.