Во Мадрид поради скапите станови, разведените се почесто продолжуваат да живеат заедно

Се поскапи станови во Мадрид и многумина не можам да си дозволат да живеат сами. Па како резултат на ова, оние кои се разведуваат за жал се принудени да живеат заедно.

Адвокатот Алберто Гарсија Себријан наведува дека 30 отсто од двојките кои одлучуваат да се разведат не го завршуваат разводот бидејќи не можат да си ги дозволат трошоците за одвоен живот.Тој додава и  дека претходно тоа било случај со само 10 отсто од тие лица.

Тоа е една од причините зошто во третиот квартал од 2022 година имало за 3,1 отсто помалку барања за развод отколку во истиот период од 2021 година, наведува весникот.