Трагичен случај во Маврови Анови.
Според информациите од СВР Тетово, вчера (27 јуни) во 18 часот во Полициско одделение Маврово 55 годишната Д.Ѓ. пријавила дека нејзиниот малолетен син се здобил со повреди и починал откако врз него паднал бојлер во куќата во Маврови Анови.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.