Во Лондон уапсен маж по напад со нож во близина на Британскиот музеј

Лондонската полиција уапси маж под сомнение дека нанел тешки телесни повреди откако избоден со нож едно лице во близина на Британскиот музеј во Лондон, соопштија властите.

Музејот беше евакуиран и властите посочија дека „нема ризик за јавноста“.

„Еден маж е уапсен под сомнение дека предизвикал тешки телесни повреди по изолиран инцидент на крстосницата на улиците „Грејт Расел“ и „Музеј“ околу 10 часот утринава – еден маж е пренесен во болница со убодна рана“, се вели во изјава на Скотланд Јард на социјалните мрежи.

Крстосницата се наоѓа веднаш до влезот на Британскиот музеј во центарот на Лондон.