Али Ахмети, Талат Џафери, Фатмир Дехари, Крешник Бектеши и голем дел од челниците на владејачката ДУИ денеска околу 15 часот беа во селото Слупчане, општина Липково каде свечено беше биде откриена спомен кулата во чест на борците на ОНА на 2. Мај денот кој партијата го смета за ден на бранителите.
Кулата висока 20-тина метри била изградена со општински пари и чини 210.000 евра.
Изградбата на меморијален споменик е регулирано со закон и одлуката за поставување на споменик ја носи Собранието.
Со подигнување на спомен култата во чест на жртвите на ОНА е прекршен законот за меморијални споменици и спомен обележја, рекоа експерти од областа на заштитата на културното наследство за тв Сител
Собранието според нив требало да донесе петгодишна програма за прославување на познати личности и настани што не е случај со споменикот изграден во чест на жртвите на ОНА како што е именуван.
Во надлежност на локалната власт може да биде поставување на спомен обележје, кое во пракса е нешто помало, симболично и е од локално значење.