Во Кочани последна проекција од Патувачкото кино на МакеДокс

На летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечер ќе биде прикажан последниот филм од програмата на Патувачкото кино на МакеДокс, фестивал на креативниот документарен филм.

На летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечер ќе биде прикажан последниот филм од програмата на Патувачкото кино на МакеДокс, фестивал на креативниот документарен филм.

Од 15 – ти до денеска кочанската публика имаше можност да проследи четири филма и со своето присуство покажа дека кино проекциите на градот му недостасуваат.

–  Веќе пет дена сме во Кочани, зад на нас се четири проекции, три на летната сцена на ЦК „Бели мугри“ и една внатре поради дожд. Убаво е да се видат дечиња како доаѓаат и чекаат нешто ново да доживеат, бидејќи секогаш започнуваме со анимиран филм. Можам да кажам дека сме супер задоволни од посетеноста и од тоа како луѓето ги примаат филмовите. Прикажавме неколку регионални документарни остварувања, ја имавме „Снајка“, „Дневникот на очекување“ од хрватска режисерка, потоа „Дида“ – српска приказна, а стартуваме со филмот „Со љубов“, македонска продукција, изјави, Дарко Набаков, кој е дел од тимот на МакеДокс.

Беше предвидено вчера, сабота, 19 јули, проекција на филм да се одржи во одморалиштето на Пониква, на Осоговските планини,  за повредените во несреќата од 16 -ти март, што се на рехабилитација таму. Но проекција немаше затоа што повредените  беа во градот на лекарски контроли.

Проекцијата на последниот филм од Патувачкото кино на МакеДокс вечер започнува во 21 часот на Летната сцена на ЦК „Бели мугри“.